04 April, 2012

Пролет

Чувство на топло Добредојде!
На вратата стар гостин, со топол сончев зрак. Пристигна пролетта.
Дрвјата се растегнуваат, а скриените ливчиња во нивните пазуви, започнуваат срамежливо да се поздравуваат со острото ветре.
Земјата полека се стоплува, и ги пушта своите деца весело да се растрчаат и да му се насмеат на првиот пролетен дожд. Изгледаат како виножито. Ги има во сите бои, најразлични големини и прекрасни облици.
Пролетта ја носи љубовта. Ги разнишува сетилата, очите ви се широко отворени и лесно го вдишувате свежиот воздух.
Мирисот на првата расцветана кајсија во дворот.
Розевиот цвет на црешата.
Утринската роса на свежо искосената трева и тивката песна на птиците.
Убава е пролетта.